Македонски концепт ја промовираше партиската доктрина за „прогресивен патриотизам“
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/12/македонски-концепт-2-scaled.jpg)
Политичката партија Македонски Концепт вчера, на Меѓународниот ден на човечката солидарност, ја промовираше партиската доктрина, клучен стратешки документ на партијата кој ја одредува партиската идеологија и истиот ќе биде рамка за следните изборни програми.
Со овој документ Македонски Концепт се декларираше како прогресивна десница, а за своја официјална идеологија – прогресивниот патриотизам.
На промоцијата свое обраќање имаше националениот тим лидер на Македонски Концепт, Петар Богојески кој истакна дека големиот број на присутни на настанот е доказ дека граѓаните го согледале излезното решение, кое е уникатно и го нуди само таа партија и дека успехот им е на дофат со можност да се запишат со големи букви во македонската историја.
Обраќања имаа и низа партиски тим лидери на повеќе партиски структури, вклучително и од дијаспората од САД и ЕУ.