Македонската компанија Panteleon GS има нов американски клиент која има потреба од генерален директор

Во годините успешна работа Panteleon GS покажа голема експертиза на наоѓање на вистинските луѓе за вистинските работи, и ги поврза со нивните работи од соништата во големи компании од Соединетите Американски Држави. А сега, со новиот клиент Impel Union, уште една американска компанија која доаѓа од камионската индустрија, се отвора можност за вработување на врвен професионалец од нашата земја на атрактивна, но и посакувана позиција во компанијата.
Panteleon GS е во потрага по нов генерален менаџер на Impel Union, кој ќе ѝ помогне на компанијата да го прошири и надгради својот бизнис во САД.
Токму тоа го нуди и отворената позиција за нов генерален менаџер во Impel Union, компанија која обезбедува иновативни решенија за лизинг, финансирање и продажба, наменети за транспортната индустрија.
Доколку имате искуство во автомобилската и камионската индустрија, сте менаџирале компанија за транспорт или пак сте биле одговорни за продажба во некој од овие сектори, тогаш ова може да биде вистинскиот предизвик за вас! Impel Union е во потрага по стручна и одговорна личност со најмалку петгодишно искуство во соодветна индустрија и одлично познавање на англискиот јазик и технолошките алатки за продажба (како на пример Salesforce), кој може ефективно да ги менаџира процесите на вработените и да го трасира развојот на компанијата. Потребен е човек со ентузијазам, кој е подготвен да го предводи тимот во динамична средина и навистина предизвикувачка индустрија.
Накратко, генералниот менаџер треба да биде обучен и способен да управува со секојдневните операции во застапништвото, но и да раководи со финансиите, да креира ефективни стратегии за лизинг, и продажба на камиони и приколки за камиони од познати американски брендови како Kenworth и Peterbilt. Повеќе информации за самиот оглас и за работните обврски на позицијата генерален менаџер можете да најдете на следниот линк.
Impel Union е водечка компанија која обезбедува иновативни решенија за лизинг, финансирање и продажба, наменети за транспортната индустрија. Основана со мисија да го поддржи растот и успехот на бизнисите во транспортниот сектор, Impel Union нуди широк избор на камиони и приклучни возила од врвни брендови, флексибилни опции за лизинг и финансирање, како и стручни совети, за да им помогне на клиентите да донесат информирани одлуки. Со седиште во Алсип, Илиноис, и дополнителни локации во Лоун Џек (Мисури), Хјустон (Тексас), Сан Антонио (Тексас) и Далас (Тексас), Impel Union е посветен на обезбедување исклучителна услуга за клиентите и помагање на транспортните бизниси да напредуваат во постојано менувачкиот пазар. Компанијата генерира годишни приходи од над 146 милиони долари, што ја става во редот на најбрзо растечките компании во индустријата.
Panteleon GS веќе со години му покажува на светот дека ние имаме плодна почва за обучен, професионален и посветен кадар, за што потврда се илјадниците вработувања на македонски поединци во некои од најуспешните американски компании. А ова е можеби и најголемата можност досега, бидејќи нуди директен пристап до огромната индустрија на транспортни операции во САД, но и лукративен финансиски пакет кој е соодветен на високите барања и стандарди на Impel Union.
Со можностите кои ги нуди, Panteleon GS им помогна голем број млади професионални и амбициозни луѓе да ја најдат својата работа од соништата и да работат за компании од американскиот пазар – со одлични услови и поглед кон интернационална кариера. Она што ја прави оваа компанија, која покрај седиштето во Скопје има своја канцеларија и во Белград, е специфичниот пристап кој таа го има кон вработените, отсликан и во нивното корпоративно мото „Нашите луѓе се нашиот бренд“.