Македонската градежна оператива минатата година имала повеќе работа во странство
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/08/gradezni-aktivnosti-pat.jpg)
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – декември 2024 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 357 595 илјади денари, што е за 55.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 192 519 илјади денари, што е за 6.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.