Македонија со две екипи во Лига Европа во ракомет, Вардар и Алкалоид


 Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави екипите кои ќе играат во новата сезона во Лигата Европа. Македонија во второто по ранг натпреварување на ЕХФ ќе ја претставуваат Вардар и Алкалоид. 

„Црвено-црните“ ќе играат директно во групите, заедно со уште 19 екипи, а Алкалоид како победник на Европскиот куп доби „вајлд карта“ за настап во Лига Европа и е рангиран во вториот „шешир“ од квалификациите, каде се вкупно 24 екипи.

Извлекувањето на групите ќе биде на 18.јули, а натпреварите во групите почнуваат на 14.октомври. Двојките од квалификациите ќе бидат познати на 15.јули, а натпреварите ќе се играат на 30.август и на 7.септември.