Македонија прв пат дел од Топ Модел Европа- еве кога е кастингот во Скопје


Македонската дизајнерка и стилистка Душица Шалева , која живее и твори во Париз, го носи на Балканот најголемиот европски манекенски натпревар. Првиот кастинг ќе биде во Скопје, а потоа во Белград, Загреб и Софија.

Топ Модел Европа е еден од најголемите и најпрестижни меѓународни натпревари за модели во Европа, а од оваа година Македонија првпат ќе бидел од овој настан. Кастингот ќе се одржи во Скопје на 13 октомври.

Селекциите се организираат во 15 земји, со цел да се откријат нови таленти и да им се овозможи можност за меѓународна кариера. Успешните приказни на нашите кандидати и победници се оработки со Dolce&Gabbana, Jean Paul Gaultier, Balmain, Louis Vuitton, Cartier, Nina Ricci, Alexander McQueen, Balenciaga, Lacoste, Isabel Marant, John Galliano. Нашите модели беа дел и од музичките спотови на светски познати ѕвезди како Stromae и Chris Brown.

Овој натпревар има три категории: шоу модели, фотомодели и спортски модели. Спортските модели, кои се дел и од категоријата MEN UNIVERSE, се машки модели со атлетско тело, на возраст од 16 до 32 години, кои можат да учествуваат на модни ревии или рекламни кампањи за спортска облека, долна облека или реклами за парфеми. Победниците на MEN UNIVERSE пото учествуваат на светското финале во Доминиканската Република, каде што ќе имаат можност да бидат претставувани од модни агенции од Њујорк, Лос Анџелес и Париз.

Европското финале ќе се одржи во Париз.

Сите заинтересирани модели можат да аплицираат за кастингот на веб страницата наТоп Модел Европа: https://topmodeleurope.net