Македонија против Велс со Елмас и Миовски во нападот

Познат е стартниот состав на А-репрезентацијата за вечерашниот дуел со Велс во рамките на квалификациите за СП 2026. Очекувано селекторот Благоја Милевски направи неколку промени во однос на стартниот состав од Вадуц. Јасно е дека против Велс не смееме да играме така ултра офанзавно како против Лихтенштајн, објави Спорт.мк.
Формацијата е 3-5-2, а ова се стартните единаесет.
На голот е Димитриевски, во стоперската тројка се Муслиу, Серафимов и Зајков, бекови се Алиоски и Илиевски, средниот ред ќе го контролираат Алими и Костадинов, пред нив ќе бидат капитенот Барди и во нападот очекувано Елмас и Миовски.
Значи од Вадуц од стартерите ги нема Трајковски и Чурлинов а на нивно место се Костадинов и Илиевски.
Поради одржување на меѓународниот квалификациски фудбалски натпревар меѓу Македонија и Велс на арената „Тодор Проески“ во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај.
Од полицијата апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.