Македонија ја победи Бугарија, а триумфираше хуманоста


Горан Пандев ја предводеше селекцијата на фудбалски ветерани на Македонија на вчерашниот хуманитарен меч против Бугарија во Варна, од кој сите приходи се наменети за семејствата на жртвите од големата трагедија во Кочани.

Пандев во мечот јавно им се заблагодари на бугарските ветерани и на федерацијата на нашиот источен сосед за покажаната солидарност и иницијативата за одигрување на еден ваков натпревар.

Ветераните на Бугарија и на Македонија одиграа две полувремиња од по 35 минути, а на крајот славеа нашите фудбалери со 3-2, со головите што ги постигнаа Божинов, Пандев и Тасевски.