Македонија и Словенија ќе потпишат меморандум за меѓународна развојна соработка

Северна Македонија и Словенија денеска ќе потпишат меморандум за меѓународна развојна соработка за периодот 2023-2024 година.
Меморандумот ќе го потпишат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од македонска страна и вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон.
По потпишувањето на меморандумот најавена е прес-конференција во Владата на Северна Македонија.