Македонија и Британија потпишаа декларација за стратешко партнерство


 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Лами денеска во Форин офисот во Лондон потпишаа Декларација за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија.

Шефот на македонската дипломатија на Фејсбук објави дека со ова се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји и се зајакнуваат билатералните односи со Обединетото Кралство.

„Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки ја потпишавме Декларацијата за стратешко партнерство. Овој документ ќе ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО. Разговаравме и за неодамнешниот договор ‘влада со влада’, кој ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти. Разговаравме и за нашето сојузништво во рамките на НАТО, како и за соработката во мултилатералните организации“, наведува Муцунски во објавата на Фејсбук.