Македонија ЃП и Академија Пандев во финалето на Купот на Македонија


Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев ќе играат во овогодинешното финале во Купот на Македонија.

Тимот од Ѓорче Петров славеше со 1-0 со автоголот на Џонов во второто полувреме, и тоа беше доволно за пласман во финалето, додекa Академија Пандев оствари триумф над Победа од 3-1 во Кавадарци. Каланоски отвори за прилепскиот тим уште на стартот од мечот, но во вториот дел струмичани преку Дориев, Велинов и Стојковски дојдоадо пресврт и конечен триумф.

За „пандевци“ ова ќе биде прво финале во Купот, додека „лавовите“ по цела една деценија повторно ќе спорат за трофејот.

Реванш полуфинални дуели од Купот на Македонија:

Македонија Ѓорче Петров-Беласица 1-0
Победа-Академија Пандев 1-3.