ВМРО-ДПМНЕ забележува за високите плати во М-НАВ


 

Функционери именувани од владата за еден месец заработуваат колку што поголем број од граѓаните можат да заработат за нецели две години, соопшти денес ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведувајќи ги платите не соопштува дека и за време на нивниот мандат примањата во М-НАВ беа астрономски.

Фахрудин Хамиди, претседател на управниот одбор и извршен директор во  М-НАВ именуван од страна на владата месечно зема 345.000 денари на име плата. За една година тоа се 4.140.000 денари, а за мандат од четири години 16.560.000 денари.

За еден мандат Хамиди, од челното место на М-НАВ ќе замине со пари за кои што поголемиот број на граѓани ќе треба да работат 43 години“, порача ВМРО-ДПМНЕ во чие време платите во М-НАВ беа исто така астрономски, а не им пречеше.