Македонците гледаат исто ниво на говор на омраза од Албанците како од Бугарите

Речиси две третини од испитаниците во анкетата на институтот Инреком сметаат дека од страна Албанците има говор на омраза кон македонскиот народ


 

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ спроведе истражување околу растот на говорот  на омраза на социјалните мрежи откако стигна фрацускиот предлог за спорот меѓу Македонија и Бугарија. Резултатите покажаа дека говорот на омраза се шири не само помеѓу Македонците и Бугарите, туку сѐ повеќе создава поделби на внатрешен план помеѓу двете најголеми етнички групи – Македонците и Албанците. Кажано накратко, од надворешен проблемот станува внатрешнополитички, а тоа според последните настани сакаат да го искористат некои политички актери во земјата, иако двете прашања не се поврзани. 

Така, резултатите покажаа дека Македонците го  гледаат говорот на омраза само кај другите, но не и кај себе, но дека би сакале во поголем процент тој да се казнува. Имено, дури  63,7%  од нив сметаат дека нема говор на омраза на социјалните мрежи кон Бугарите, а го препознаваат само  31,2 отсто. Затоа пак на  прашањето за говорот на омраза од бугарскиот народ кон Македонците дури  60,8% одговориле дека има, наспроти 35,1% што одговориле дека не постои.

За  говорот на омраза преку интернет мрежите упатен од страна на Македонците кон Албанците дури 51,8% од испитаниците се изјасниле дека постои наспроти 47,8% кои се изјасниле дека нема навреди. Исто така, речиси две третини (61,4%) од испитаниците сметаат дека од страна
Албанците има  говор на омраза кон македонскиот народ, наспроти 37,9% од испитаниците што одговориле дека не постои говор на омраза во интернет сферата. 

Петтото прашање ги запраша испитаниците дали говорот на омразата на социјалните мрежи се зголемува или намалува. Па така повеќе од 2/3 (71.6%) од анкетираните одговориле дека се зголемува наспроти 21.7% кои одговориле дека се намалува. Околу потребата од спроведување на казнени политики од страна на Владата кон луѓето што вршат говор на омраза по социјалните мрежи повеќе од половината – 56,2% сметаат дека е нужно, наспроти 36,4% што се изјасниле дека нема потреба од казни.

Како последно прашање, беа запрашани дали би следеле ТВ канал од Бугарија, па така високи 60.6% одговориле дека не би го гледале каналот, наспроти 37.9% од испитаниците што одговориле дека не би претставувало проблем да ја следат програмата на некоја од бугарските
телевизии.