Македонец крвнички претепал Македонец во Будва


Судот во Котор му одреди едномесечен притвор на македонскиот државјанин З.Д. (50) поради сомневање дека вчеравечер крвнички претепал свој сонародник во Будва. Според црногорските весници, инцидентот се случил околу 19 часот во населбата Велји Виногради, каде З.Д. со метална шипка го нападнал својот цимер – исто така, македонски државјанин.

„Од силината на ударот, претепаниот маж паднал на асфалтот. Затекнат е како лежи во локви крв на улица, по што му е укажана лекарска помош. Констатирани му се тешки повреди на главата. Полицијата успеа да го пронајде и уапси напаѓачот“, пишуваат медиумите во Подгорица.