„Мајсторка“ во Задар: Домашните тврдат влегле во форма, МЗТ не верува


Кошаркарите на МТЗ Скопје утре од 17 часот во Задар го играат решавачкиот меч за пласман во првата АБА-лига. Резултатот од финалната серија е 1-1 и ќе одлучува „мајсторката“ во салата „Крешимир Чосиќ“. Двете екипи досега не ја искористија предноста од домашниот терен, па тоа можеби е шанса за македонскиот вицешампион да стигне до толку посакуваниот триумф.

„Одигравме два изедначени и цврсти натпревари против Задар, екипа за која настапуваат квалитетни и искусни кошаркари. Можевме уште во Скопје да го решиме прашањето околу влезот во АБА-лигата и на најдобар начин да го крунисаме тоа за што работевме цела година. Во Хрватска дојдовме сериозно ослабени, без повредениот Андрија Бојиќ, но тоа истовремено е шанса за другите играчи на тие позиции да го дадат максимумот и да ја искористат пружената шанса. Верувам дека со правилен пристап и со почитување на сѐ она што ќе го договориме, ќе може да дојдеме до победата“, вели тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.

И домаќините, кои вчера играа против Шибеник во четврфиналето од хрватското првенство (победија 86-66 и со 2-0 минаа во полуфиналето, каде ќе играат со Цедевита) веруваат во победа.

„Време од почеток до крај да пружиме машка партија. Мислам дека конечно се создадени условите за тоа. Имавме згуснат ритам, но тоа, на некој начин ни помогна да влеземе во форма. Сметам на сите кошаркари, очекувам да пружат максимум и да победиме пред нашата публика. Би било сулудо да се размислува во друг правец“, потенцира стратегот на Задар, Анте Назор.