Мајкл Џордан донира 10.000.000 долари за изградба на болници

Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан ќе донира десет милиони долари за изградба на две болници.
Џордан парите ги донира за болници во родниот град Вилмингтон во Северна Каролина.
Мајкл во 2017 година донираше седум милиони долари на Вилмингтон, кога исто така, беа изградени две болници.
Најдобриот кошаркар на сите времиња продолжува со хуманитарна работа и огромни донации.
Богатството на сопственикот на „Шарлот Хорнетс“ се проценува на 2,2 милијарди долари.