Мајк Пенс одбива да оди во изолација, иако четоворица од неговиот тим се заразени


 

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, одбива да оди во самоизолација покрај тоа што четворца негови блиски соработници се тестирани позитивно на корона вирусот.

Вработените во неговиот кабинет се во самозилација веднаш по тестирањето во саботата, потврди портпаролот на Пенс, Девин О`Мали. Меѓутоа, иако се заразени советникот и уште двајца помошници на потпретседателот, Пенс не разлислува за самоизолација, пишува Си-ен-би-си.

О`Мали во изјава за медиумите истакна дека Пенс и неговата сопруга Карен Пенс и понатаму се со добро здравје.

Шефот на персоналот на Белата куќа Марк Медоус, одби да извести кои поединци се поврзани со канцеларијата на потпретседателот кои с епозитивни на корона вирус. Рече дека нема да открива лични податоци на вработените, освен доколку тоа не се претседателот или потпретседателот.

Но, она што ја лути американската јавност е што Пенс и понатаму се појавува на политички собири. Тој и денеска ќе биде присутен во Сенатот на САД поради именување на судијката Ејми Кони Барет за Врховниот суд.

За потсетување, веќе првото собирање во Белата куча поради именување на судијката предизвика ширење на вирусот меѓу претставниците на американските власти.