Мејер: Исфрустрирани сме од недостигот на прогрес во судството


 
 Себе-еваулација, обединување и спротивставување на влијанијата се дел од работите кои што треба да се применат за да се задржи отпорноста и непристрасноста на правосудството, беше  главната порака на денешната конференција во организација на Здружението на судии по повод одбележувањето на 31 март – Ден на правосудството. Килиjан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, смета дека сме на добар пат, но, како што рече, „не смееме да запреме“.
 
– Денеска е ден за себе еваулација на индивидуално и институционално ниво, време за унифициран пристап на сите, за да се одбранат принципите на независност, непристрасност, интегритет и транспаренентост, рече тој.
 
Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми рече дека самостојното судство е историски стремеж и предизвик и дека како судии тие мора да се спротистават на сите влијанија кои имаат за цел да им ја нарушат самостојноста. Весна Дамева, претседателка на Судскиот Совет пак тврдеше дека само мал дел од судиите се спротивно од она што треба да бидат, и токму тие, како што рече „ја контаминираат целата професија“.
 
– Ако денес ја погледнете отпорноста и непристрасноста, на судиите низ призма на судија, перцепцијата ќе биде дека голем дел од судии се непристрасни и отпорни на притисоци со кои се справуваат секојдневно, на различни начини. Само мал дел од судиите не можат или не сакаат да пружат отпор и тоа е куполот кој ја контаминира целата професија, смета Дамева. 
 
-Ако погледнеме низ призмата на граѓаните, како што дополни, ќе видиме целосна безнадежност.
 
Дамева смета дека решението на овој проблем е комплексно и довербата не е подарок, туку се заслужува. 
 
– Како независна власт имаме капацитет да се ресетираме со цел да се испорача владењее на правото, за да докажеме дека сме спремни за модерно, демократско и европско општество, рече таа.
 
Ерик Мејер, заменик шеф на Мисија, амбасада на САД во Северна Македонија, рече дека се фрустрирани од недостатокот на прогрес.
 
– Овој ден е повик за акција. Ве охрабрувам да се соедините како група, да ги отстраните тие што ви стојат на патот. САД е тука да ве поддржи, меѓутоа акцијата и храброста мора да произлезе од вас, рече тој.
 
Заменик амбасадорот на Амбасада на Кралството Холандија, Роберт Декер, истакна дека некои притисоци сѐ уште постојат во РСМ.
 
 – Задолжително е да ги избегнете, а тоа е само со служењето на правдата, порача тој.
Декер дополни дека со извештајот од скрининг процесот ќе биде конкретно посочено кои реформи треба да се преземат за да се подобри владеењето на правото.