Мајдани: Албанскиот јазик е зацементиран во државата

Амбасадорот на Албанија во Скопје, Денион Мајдани во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 порача граѓаните да не се грижат бидејќи албанскиот е зацементиран во темелите на оваа држава.
На прашањето дали јазикот е црвена линија во односите меѓу Албанија и Северна Македонија, Мајдани го стави прашањето во перспектива, а не во дневно-политички контекст.
„Мислам дека не треба да го ставаме во оваа перспектива, бидејќи нема ништо што го загрозува албанскиот јазик, тоа е непобитна реалност овде, во Албанија и во регионот. Не ги разбирам нијансите и не треба да навлегуваме во такви дискусии кои премиерот ги дефинираше како правни, па дури и новинарски лавиринти на прашањето. Така да не се поставува (ова прашање)…“
Мајдани потсетува дека албанскиот јазик е прашање на уставни права во оваа држава и затоа е зацементирано во темелите на оваа држава.
„Затоа, ви велам да не се грижите бидејќи тоа е стекнато уставно право и еден од столбовите на Охридскиот договор“, додава Мајдани.
Тој наедно истакна дека амбасадата се уште чека официјален одговор за симнувањето на албанското знаме од страна на полицаец.
„Секако, тоа воопшто не е пријатна работа и не можеме да се криеме зад тоа дека знамето се преместуваше или што и да е, бидејќи преместувањето во овој случај е во надлежност на општината, бидејќи кога ќе заврши прославата мора да се отстранат симболите што се поставени. Како што кажав, чекаме и не сакаме да го прејудицираме случајот. Сметам дека законите на Северна Македонија треба да се применуваат недвосмислено, ригорозно и правично кон секој граѓанин на Северна Македонија. Ова е нашиот официјален став“, додаде Мајдани.