Маја Аврамова назначена за в.д. претседателка на Основен суд Гевгелија, судијката Тодорова делегирана во ОС Делчево


Судскиот совет денеска ја одржува 503. Седница на која донесе одлука за престанок на судиска функција поради пензија на судијката Марица Аврамчева Зафирова, претседателка на Основен суд Гевгелија, каде што за в.д. претседателка ја определи судијката Маја Аврамова која воедно е и кандидатка за претседателка на судот.

На денешната седница, Советот донесе одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Апелационен суд Гостивар  и Основен суд Кратово. Воедно, избра и судии поротници во Основен граѓански суд Скопје и Основен суд Гевгелија. 

На судијата Ахмет Идризи од Гостивар му беа одобрени патни трошоци за превоз за неговиот ангажман во Основен Кривичен суд Скопје, исто како и на судијата Драган Јаковлевски од Битола кој ја извршува судиската функција во Основен суд Крушево.

Судскиот совет денеска формираше комисии за вонредно оценување на кандидати по објавен оглас за избор на членови на Советот од редот на судиите и кандидати за претседатели на судови и ја делегираше судијката Катерина Тодорова од Основен суд Струмица, во Основен суд Делчево за период од една година.

Денеска беше усвоен и записникот од 499- та седница на Судскиот совет на РСМ од 19.09.2024 година, а седницата треба да продолжи со расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија, одлучување по известувања на Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и разно.