Маџир Маало и Стајковци без вода


Фото: Б. Грданоски

 Поради уличен дефект ф-150 мм на улица „Периша Савелиќ“ 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Поради изведување на водоводен приклучок ф -100 мм на Кеј „13 Ноември“ бб, пак, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Истарска“ и Маџирмаало.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Денеска, исто така поради реконструкција на водоводна мрежа Ф250мм и промена на шибер Ф250мм на улица „Среќко Пужалка“ бр 67 Б, општина Гази Баба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Жегљане“, „Фуштанска“, „Товарник“, „Јужноморавски бригадии“ и село Стајковци во периодот од 09:00 часот до завршување на активностите.