„Мадам Батерфлај“ во МОБ, трогателната приказна за Чо-Чо-Сан повторно пред публиката
На сцената на Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини, едно од најемотивните и најпознатите дела во светскиот оперски репертоар.
Претставата ја следи трагичната судбина на Чо-Чо-Сан, младата јапонска девојка која со длабока преданост верува во љубовта и е подготвена да го жртвува целиот свој свет. Нејзината приказна, преплетена со надеж, верност и болка, повеќе од еден век допира до публиката ширум светот.

Иако дел од публиката често дoаѓа со впечаток дека операта е дистанцирана или тешка за разбирање, „Мадам Батерфлај“ важи за едно од најчовечките и најемотивните дела, чија музика и драматика оставаат длабока трага уште при првото гледање.
Со својата моќна музичка експресија и драматична нарација, делото на Пучини и вечер се очекува да привлече голем број љубители на уметноста, како и посетители што првпат ќе влезат во светот на операта.