„М“ на Вардан Тозија е првиот македонски филм со постапокалиптична тема (трејлер)

Постапокалиптичните приказни се актуелни во светската кинематографија, меѓутоа, македонската кинематографија не можеше да се пофали со ниту еден филм од овој жанр.
Но, Вардан Тозија го промени тоа режирајќи го филмот „М“, еден од првите македонски филмови со постапокалиптична тематика.
„М“ ќе го отвори Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“ на 13 јули.
Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8-годишниот Марк, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски.
Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзовиќ.
По успешното деби „Џган“ во 2016, Тозија се враќа со „М“, кој во мај беше прикажан на Канскиот маркет за филмски професионалци и на годинашното, 73. издание на Берлинскиот филмски фестивал.
Играниот филм „М“ , втор на режисерот Вардан Тозија, во продукција на „Фокус покус филмс“, во 2021 година беше награден во програмата „Works in Progress (Филмови во изработка)“ на Интернационалниот филмски фестивал во Пула.