Лукашенко: Мојот век завршува
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека народот ќе одлучи за уште еден можен претседателски мандат за него.
Во своето обраќање до нацијата и парламентот, тој рече дека нема намера да умре на функцијата, ниту да биде „куца патка“ (политичар во заминување чиј наследник веќе е избран).
Белорускиот претседател нагласи дека неговите деца нема да бидат претседатели.
„Мојот век завршува и нема да го менувам Уставот за себе“, рече тој.