Лукаревска во Гази Баба: Со бокс во лице на жена не се „исправа” држава


„Социјалдемократскиот сојуз денеска е со граѓаните во Гази Баба. Дојдовме да поразговараме со граѓаните како да продолжиме, да разговараме за иднината, а слушнавме дека генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ се заканува со бокс на жена. Кому тие велат ‘Исправи се’ кога се чукаат во гради? Како и кого ќе исправат? Така што ќе удираат жени со бокс во лице?  Тоа што го слушнавме од генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Јанушев е за најголема осуда. Лицемерна политика, лаги и манипулации е нивниот начин. Насилството е апсолутно недозволиво“, истакна носителката на листата во Изборната единица 2, Сања Лукаревска, за време на посетата на скопската општина Гази Баба.

Таа рече дека парламентарното мнозинство на СДСМ и на коалицијата му кажаа „не“ на насилството кога го изгласаа новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кој целосно е усогласен со Истанбулската конвенција.

„Во изминтите три години покажавме дека може и поинаку, дека сме свесни за потребите и ги решаваме без лажен сјај, кич и манипулација. Со поддршка на Владата, овде во општина Гази Баба се гради инфраструктура на која граѓаните чекаа со децении. Веќе се подготвува техничка документација за реконструкција и изградба на патната инфраструктура во Хиподром, Ќерамидница и Сингелиќ. Заедно со локалната самоуправа, се реконструирани 67 улици, изградени се осум паркинг простори, пешачки патеки во должина од над 10.000 метри, канализација во Јурумлери, во Трубарево, во новата населба Хиподром 2, изготвен е ГИС систем на општината. Е така се работи за граѓаните“, рече Лукаревска.