Лукаревска: Кој нема да гласа за уставните измени не и мисли добро на државата

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека доколку некој смета дека не треба да ги гласа уставните измени тогаш тој не ѝ мисли добро на државата.
„СДСМ е подготвена за предвремени парламентарни избори, но што би придонеле со тоа? Сега треба да си ја изработиме домашната задача па да размислуваме за избори, ние направивме се, подадовме рака“, вели Лукаревска. Таа додаде дека и на претседателските и на парламентарните избори, СДСМ ќе излезе како победник.