ЛШ: Вечерва на распоредот реванш натпреварите од плејофот


Три реванш натпревари од плејофот во Лигата на шампионите се на распоредот вечерва кои ќе одлучат кој ќе се пласира во групната фаза од елитното европско натпреварување.

Програмата започнува во Казахстан, каде што Каират Алмати ќе биде домаќин на Селтик во 18:45 часот.

Шкотскиот шампион влегува во реваншот со водство од 1-0 од првиот натпревар.

Пафос и Црвена Звезда се среќаваат во Никозија од 21 часот. Кипарскиот клуб победи со 2-1 во Белград.

Во исто време, во Грац се игра реваншот помеѓу Штурм и норвешки Бодо/Глимт. Првиот натпревар заврши со победа од 5-0 за норвешкиот клуб.