Лондон: Првата вакцинирана жена ја прими и втората доза
Првата личност во светот што ја прими вакцината на Фајзер против коронавирусот, Британката Маргарет Кинан, ја прими и втората доза, јави Би-Би-Си.
Болницата во Ковентри потврди дека Кинан ја примила втората доза, 21 ден по првата.
Професорот Енди Харди од Универзитетот во Ковентри изјави дека целиот тим е воодушевен што „Маргарет безбедно ја примила втората доза од вакцината“.
– Таа стана првата личност во светот што ја прими вакцината на Фајзер откако беше клинички одобрена. Нашиот медицински тим цело време контактираше со неа и нејзиното семејство и среќни сме што таа добро закрепнува дома, откако беше пуштена од болница, рече професорот Харди.