Љутков очекува Универзална сала да биде реновирана до крајот на 2027
Министерот дополни и дека одвоени се 20 милиони евра, распределени во три години.

Запрашан до каде е постапката за Универзалната сала во Скопје и кога можеме да очекуваме таа да биде целосно санирана и пуштена во употреба, министерот за култура, Зоран Љутков денес ги брифираше медиумите дека пред две недели поднел информација на седница на Влада за постапките. Вели дека се завршени сите заклучоци и сите процеси кои што сме ги имале претходно.
-До крајот на неделава ќе биде распишана јавна набавка и почнуваме со изградба на Универзална сала. Според динамиката која што ја имаме определено во делот на буџетот, би требало да заврши до крајот на 2027 година, рече Љутков.
Министерот дополни и дека одвоени се 20 милиони евра, распределени во три години.За 2025 година се наменети 15.958 милиони денари, за 2026-360 милиони денари и за 2027 година- 450 милиони денари.
-Процесот трае околу 60 дена. Ќе го распишеме тендерот и очекуваме од петок сега на 1-ви август до крајот на септември ќе ги отвориме понудиме и ќе почнеме со процесот на реконструкција, истакна Љутков.
Потребно е дополнително статичко појачување на конструкцијата на опожарената Универзална сала, покажеле новите, дополнителни испитување кои ги нарачал министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Врс основа на новите испитувања извршени се измени и дополувања на проектот, кој сега треба да ги опфати и градежните работи околу појачување на конструкцијата.
„Според овие анализи се изврши измена на проектната документација во форма на нова проектна документација. Се отстранија и сите други административни пречки и недостатоци во постапапките и очекувам продолжување со реконструкцијата, што би било некаде во текот на месец септември оваа година“, рече министерот Љутков.
Универзална сала се запали на 9 април лани, само еден месец откако продолжија градежните работи за нејзина реконструкција. Почна да се реновира кон крајот на мандатот на екс-градоначалникот Петре Шилегов во 2021. Со доаѓањето на градоначалничката функција на Данела Арсовска работите беа стопирани и две години ништо не се работеше. Потоа со одлука на Владата, Министерството за култура ја презема Универзална сала додека министерка беше Бисера Костадиновска-Стојчевска и се продолжи со реконструкцијата која беше стопирана поради пожарот.