Љутков ќе го соопшти проектот кој ќе не претставува на 19. Биенале на архитектурата во Венеција


 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција во Националната галерија – Даут-пашин амам ќе го соопшти проектот кој ќе ја претставува нашата држава на 19. Биенале на архитектурата во Венеција.

Годинашното издание на Биеналето на архитектурата во Венеција ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември.