Љупчо Златев: Герасимовски фаворит во Центар, мандатот го поминa без скандали


Новинарот Љупчо Златев, на поткастот „Утринско еспресо“ зборуваше за локалните избори во Општина Центар, истакнувајќи дека актуелниот градоначалник Горан Герасимовски влегува во трката како фаворит. 

„Центар е многу интересна приказна. Јас би рекол дека во Центар на овие избори фаворит е Горан Герасимовски, актуелниот градоначалник, затоа што доаѓа од еден мандат којшто го помина релативно без скандали. Значи, може да кажете што сакате, но тој нема некој скандал“, рече Златев. 

Тој се осврна и на кандидатурите на Мирослав Лабудовиќ и на Билјана Ивановска, но како главен фаворит го издвојува Горан Герасимовски. 

Првиот круг од локалните избори годинава ќе се одржи на 19 октомври.