Љупчо Димовски избран за лидер на СПМ
Пратеникот Љупчо Димовски е избран за претседател на Социјалистичката партија на Македонија на деветтиот конгресот на партијата што се одржа денеска во Кратово.Тој доаѓа на местото на Љубисав Иванов – Ѕинго, кој 25 години беше претседател на социјалистите, а почина во ноември, минатата година.
Димовски е поранешен министер за земјоделство во една од владите на ВМРО-ДПМНЕ, и е еден од петтемина пратеници кои беа обвинети, а потоа амнестирани за насилствата во парламентот на 27 април.
Димовски е дипломиран економист. Роден е во Велес на 9 април во 1959 година. До 2008 година работи како генерален директор на ЈП „Паркови зеленило“-Скопје. До 2009 е заменик министер за транспорт и врски, а потоа до 2014-та е министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од 2014-та, Димовски е пратеник во Собранието на Република Македонија.
СПМ претходно ја предводеше Љубисав Иванов Ѕинго кој почина неодамна.