Литванија престана да купува енергија од Русија


 

Литванија од денеска повеќе не увезува енергија од Русија.

Нејзиниот министер за енергетика рече дека купувањата на гас, нафта и електрична енергија од Москва престануваат за да се покаже „солидарност“ со Украина – и да се скратат средствата за „руската воена машина“.

Тој се надева дека потребите за електрична енергија наместо тоа би можеле да се задоволат преку локално производство на зелена енергија.

Литванија, поранешна советска држава и членка на НАТО, е силен сојузник на Украина.

И покрај инвазијата на Украина, Русија продолжува да обезбедува гориво за многу европски земји.

Сепак, снабдувањето со гас на Финска вчера беше прекинато откако таа го одби барањето на Москва да плаќа во рубљи.