Литургија и парастос на годишнината од кочанската трагедија
По повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, денеска со почеток од 8:00 часот во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани ќе се одржи литургија за упокоените, а во 9:30 часот – општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Со верските обреди ќе чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и Неговото високопреосвештенство митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион.
За утре се предвидени повеќе спортски и културни активности. Предвидена е рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе започне и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели”, на релација на Пониква.
Истиот ден, во спортската сала кај Гимназијата во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.
На 16 март е централното одбележување на кочанската трагедија, а во пред објектот „Пулс” ќе се одржи настанот „Светлина што останува”.
Во Паркот на револуцијата во Кочани на 16 март ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи”, со муралот „Ѕид на сеќавање”, посветен на жртвите.
Во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март 2025 година во 02:35 часот по полноќ загинаа 63 млади, а над 200 беа повредени.