Лисичани повторно се гушат од чад од Вардариште
Лисичани повторо сведочат на густи, црни чадови кои се издигаат од месноста Вардариште.
Вчера попладнето, по 18 часот, над цело Лисиче и Ново Лисиче надвисна густ, црн чад.
Повеќе граѓани по социјалните медиуми објавија дека пријавиле кај надлежните. Некои од нив се прашуваат што стана со најавените почести инспекции и контроли на ова место, за кое се знае дека е неформална депонија и каде многу често се палат кабли за да се извади металот од нив.
– Ја информираме јавноста дека согласно увидот на Државниот инспекторат за животна средина, чадот што се појавуваше изминативе денови во правец на нас. Ново Лисиче, потекнува од палење на кабли од Вардариште, за што ДИЖС, Инспекторатот на град Скопје и МВР се координираа за засилени контроли и интервентни акции по пријави на граѓани – информираа од Министерството за житовна средина и простоно планирање кон крајот на јули.
Месец и половина подоцна, сликите се исти.