Лино Червар во ТВ преносот поднесе оставка по поразот на Хрватска од Аргентина


 

Селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска Лино Червар даде оставка по шокантниот пораз на неговите момчиња од Аргентина.

Искусниот стручњак во ТВ преносот најави дека заминува, во изјавата веднаш по мечот.

„На никого не му е мило кога ќе изгуби. Денеска не игравме добро, многу сум изненаден, очекував дека ќе бидеме добри. Разочарување е, треба да преземам одговорност без оглед на се. Тоа за мене е недопустливо. Мислам дека е подобро да дојде некој кој ќе ме замени, не сум подготвен за понатаму“, рече Червар за РТЛ.

Тој изрази подготвеност да му даде поддршка на оној кој ќе дојде по него.

Ракометарите на Аргентина сензационално ја победија Хрватска во мечот од Светското првенство со резултат од 23:19, а ги дводоа Хрватите пред испаѓање од Мундијалот.

На Хрватите им е потребно чудо наследниот меч против Данска за да не испаднат. Имено, тие треба да победат, а Аргентина треба да изгуби од Катар.