Лифт со четири лица од брзата помош паднал од втори кат во подрум


Фото: Б. Грданоски

Екипата на брзата помош во Кисела Вода, била на констатација на смрт, а додека се возеле со лифтот од приземјето кон шести кат, кога стиганле до вториот, лифтот забрзано почнал да паѓа кон подрумот, соопшти ЦУК.

Сите затекнати во лифтот се извлеќени, а три лица од четирите се жалат на повреди. 

Претходно објавивме дека екипа на брзата помош заглави во лифт во зграда во скопската општина Кисела Вода, а со помош на Центарот за управување со кризи тие се ослободуваат. На местото се екипи на пожарникарите и полицијата.

Како што соопшти директорт на ЦУК, Стојанче Ангелов, денеска  во 11.22 часот на 112  добиле пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. „Христо Татарчев“ бр.47, Кисела Вода, Скопје. Се покажа дека во лифтот немало пациент.

 

Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје.