Лидерска средба не е волшебно стапче што ќе ги реши проблемите кои се пластат со години, вели Пендаровски


Илустрација - Фото: Б. Грданоски
Запрашан дали поради кризата која што се продлабочува, ќе свика лидерска средба со цел да се постигне консензус од двете страни и која е неговата порака до политичките лидери во земјава, претседателот Пендаровски изјави денеска дека е неопходно што поскоро да се направи “ова ново или обновено проширено, смалено, какво и да е парламентарно мнозинство”.
 
„Мислам дека предолго врме изгубивме во тоа кој ќе биде со 61 пратеник, а кој нема да биде”, рече тој пред почетокот на Самиот Македонија 2025, одговарајќи на новинарски прашања. „Локалните избори ни одземаа доволно време, од летоска сме во пролонгирана изборна кампања“, додаде тој.
 
Пендаровски упати и порака дека и да не беше енергетската криза политичарите и до власта и од опозицијата мораа час поскоро да се вратат на својата редовна работа, а не да разговараат кој ќе биде на ова или на онаа страна.
 
„Мислам дека голата битка за власт која ја гледаме изминатите е дели и дека треба да престане. Доцна е и требаше да престане вчера”, рече тој.
 
Во однос на лидерските средби кои повторно се заговараат рече дека нема волшебно стапче на некакв а лидерска средба да се решат проблемите кои се пластат со години и кои власта и опозицијата не можат да ги разрешат низ регуларните собраниски канали.
 
„Конечно, не може да има лидерска средба ако двете страни односно двата политички блока не дадат согласност да учествуваат. Ве уверувам, бидејќи имам комуникација со двете страни , дека таква согласност за било кој аспект на оваа криза која трае предолго, не постои”, рече претседателот Пендаровски.(М.Ј.)