Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори

Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција денеска побара одржување на предвремени претседателски избори „најдоцна во ноември“, по десетдневни протести поради апсењето на градоначалникот на Истанбул.
„Ќе се соочите со нашиот кандидат најдоцна во ноември. Ова е предизвик за вас“, рече лидерот на опозициската Републиканска народна партија, Озгур Озел, обраќајќи му се на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на вонредниот конгрес на партијата во Анкара.
Озел побара изборите да се одржат во јуни или ноември.
Поддржувачите на таа опозициска партија организираа големи демонстрации на кои присуствуваа десетици илјади луѓе во Истанбул и во други градови во Турција, по апсењето на опозицискиот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу на 19 март.