Лидерите на Вишеградската група ќе расправаат за кандидатите за функции во ЕУ


Унгарија– Лидерите на Полска, Словачка, Унгарија и Чешка денеска во Будимпешта ќе разговараат за потенцијалните кандидати за највисоки функции во ЕУ.

Земјите од ЕУ мора да изберат нови претседатели на Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент и Европската централна банка.

Членките на ЕУ од некогашниот комунистички блок кои влегоа во Унијата во 2004 година, настојуваат да го зголемат своето присуство на поважни функции и да помогнат во управувањето со стариот континент со кој долго доминираат богатите западни земји како што се Германија и Франција.

– Се работи за неформален состанок и не можам да ви дадам други информации, изјави Берталан Хаваси, портпарол на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој одби да ги коментира можните кандидати од источна Европа за некоја раководна функција, иако Орбан минатиот месец изјави дека земјите од Вишеградската група ќе заземат заеднички став по тоа прашање.

Лидерите на ЕУ ќе се состанат на 20 и 21 јуни за да ги разгледаат кандидатите за раководните функции.