Лидерите на ЕУ ја именуваа Лагард за претседателка на ЕЦБ
Лидерите на Европска Унија денеска го одобрија именувањето на Кристин Лагард за претседателка на Европска централна банка (ЕЦБ).
Лагард, која е поранешна извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), доаѓа на местото Марио Драги, кој беше претседател на ЕЦБ од 2011 година.
Европскиот совет веќе објави официјална препорака за Лагард, а исто така ја одобри и ЕЦБ.
Европската централна банка ја одредува монетарната политика за 19 земји членки на евро зоната, кои го користат еврото како валута.
Лагард ќе ја преземе должноста на 1 ноември и ќе има еден осумгодишен мандат.