Лична приказна: Моето искуство со Спутник 5, руската вакцина против Ковид-19
За многумина вакцината против Ковид-19 е голема непознаница. Во Русија веќе се планира почеток на имунизација со вакцината Спутник 5. Дописникот на ДВ, Сергеј Сатановски веќе ја прими и раскажува за ефектите и симптомите
„Станете доброволец во испитувањето на вакцината против Ковид-19“– така на интернет бараа учесници за тестирањето. Во септември за вакцината се знаеше малку, а бројот на заразени во Русија не беше алармантен. Во ноември тоа се смени, бројот на инфицирани нагло порасна.
Одлучив да ризикувам и да примам вакцина. Ме убедија страдањата на пријателите кои тешко заболеа и мораа во карантин.
Морав да пополнам формулар на страницата на московската градска управа. Меѓу другото, во прашалникот требаше да се одговори дали веќе сум бил заразен со коронавирусот, имам ли некои хронични болести. Според Заводот за здравство, оние кои веќе биле заразени, не би требало да се вакцинираат оваа година. По една недела заѕвони телефонот и ми понудија да изберам клиника во која ќе бидам тестиран.
Линкот до целиот текст на Дојче веле тука