Лицето на суперхеројот: Дете ја спасило сестра си од крвожедниот пес


Фотографијата на шестгодишниот Бриџер и неговата сестра деновиве се шири на социјалните мрежи како трогателна приказна за храброст, љубов и вистинските суперхерои.

Лицето на Бриџер е сериозно и фокусирано, а раната што се протега низ целиот образ и синото око сведочи за сериозната борба неодамна за да ја одбрани својата помлада сестра.

„Те молам, споделете ја приказната на мојот внук, знаеме дека нашиот мал херој би сакал зборови на охрабрување. На 9 јули, мојот шестгодишен внук Бриџер го спаси животот на својата малечка сестра кога застана меѓу неа и бесно куче. Откако кучето го гризна неколку пати на лицето и главата, тој ја зеде својата сестра за рака и истрча со неа на безбедно место. Тој подоцна рече: ‘Ако некој требаше да умре, мислев дека треба да сум јас’“, напиша подоцна тетката на Бриџер, Никол Вокер.

Бриџер брзо закрепнува по раните од бесното куче

Сликата на малиот, храбар Бриџер и неговата сестра брзо се рашири на социјалните мрежи, а тетката повторно се појави по посетата.

„Неговите рани изгледаат многу подобро, а неговата голема личност е недопрена. Тој сè уште не може да се насмевне, но тој се насмевна додека читав некои ваши коментари. Исто така, би сакал да напоменам дека сопствениците на кучето се навистина прекрасни луѓе кои беа добри кон Бриџер и неговото семејство. Ние не чувствуваме никаков гнев кон нив и – ако ништо друго – имаше само зголемување на љубовта меѓу нашите семејства како последица на овој инцидент“, напиша Никол.

Дури и по нападот, тој им рече на своите родители дека не сака ништо лошо да се случи со кучето, дека не сака да биде убиено. Сопствениците на кучето, едногодишен германски овчар, решиле да го успијат. (Нова.рс)