Левица возврати на ВМРО-ДПМНЕ: Ние не го пуштивме да избега Груби, не им амнестиравме криминали


Соочени со реалноста дека Левица е единственат реална закана за лагите и манипулациите на ДПМНЕ, СДС и ДУИ и нивните прикриени коалиции, Мицкоски сè поочајно ја замајуваат јавноста со измислици за наводна коалиција на Левица со ДУИ. Овие бесрамни лаги и манипулации се повторуваат на секој партиски митинг, со единствена цел, да се пренасочи вниманието од сопствените политички компромиси и бизнис зделки за кои јавноста секојдневно сведочи.
 
Левица е единствената партија која е надвор од стариот партиски систем, кој повеќе од три децении ја држи државата заробена, менувајќи ја формата (СДСМ-ЗНАМ, ДУИ-ВРЕДИ и ДПМНЕ), но не и содржината. Денешната власт е само продолжение на истиот порочен систем што ја држи државата заробена повеќе од три децении. Под ново име ДПМНЕ-ВРЕДИ повторно ги гледаме истите кадри, истите структури, истите бизнис-интереси кои долги години го уништуваат секој јавен домен.
 
Левица никогаш не амнестирала ниту еден криминал на ДУИ.
Левица не е таа што му овозможи глатко бегство на Артан Груби.
Левица не е таа што го постави Таљат Џафери на позиција министер за одбрана и премиер.
Напротив, Левица е единствената политичка сила која поднесува кривични пријави, иницијативи и други правни поднесоци против функционери на ДУИ и сите останати актери кои учествувале во узурпацијата на државата.
 
Од ДПМНЕ, наместо ветена обнова, гледаме јасна политичка симбиоза со истите структури што ги критикуваа додека беа во опозиција.Наместо владеење на правото, гледаме пазар со криминалците од поранешниот режим на Заев. Наместо одговорност, сведочиме на премолчување и прикривање на сите злоупотреби. Секој напад врз Левица претставува само обид да се сокрие фактот дека системот остана ист, дека ДУИ не е победена, туку преродена во ново издание, а дека Мицкоски ја продолжи истата игра на политичка трговија и лицемерие.
 
Левица ќе продолжи да ја разобличува оваа измама со која криминалните елити се обидуваат да ја претстават својата алчност како државен интерес.Единствено Левица е со народот, против сите што ја држат државата како заложник на своите бизнис-интереси, порачуваат од Левица.