Левица : Унапредена професорката што го спаси Бојан Христовски околу скандалот со дипломата


Левица продолжува да објавува информации за партиската послушност и, според нив,  незаконското постапување на инспекторите во Просветниот инспекторат, кои единствено делуваат под партиска наредба.
 
Просветната инспекторка Соња Зашовска (поранешен советник на ДПМНЕ во општина Гази Баба) е типичен приказ дека во партизираните институции напредуваат само партиските послушници кои без приговор ги штитат незаконските дејанија на власта. Имено, сознанијата на Левица се дека инспекторката Зашовска експресно добила унапредување во раководител откако констатирала дека нема пропусти во фалсификат дипломата на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Потсетуваме дека Левица го објави скандалот со дипломата на Христовски, стекната на приватен универзитет во сопственост на поранешен вмровски градоначалник (универзитет кој единствено служи само за принтање дипломи за некадарните функционери од ДПМНЕ).
 
Ова не е изолиран случај на изигрување на законите кај инспекторката Соња Зашовска, која се стави во заштита и при незаконското унапредување на сдсмовски кадар на универзитетот ,,Визион” во Гостивар. Во овој случај, се работи за поранешната советничка на Славјанка Петровска – Весна Поповска. Попоска, иако докторирала на национална и меѓународна безбедност и меѓународни односи, сепак таа е избрана во звање доцент во научното поле правни науки. И повторно, овој предмет завршува кај вмровската инспекторка Зашовска која врши инспекцисли надзор и го затвора случајот без констатирани недостатоци, како и со директорот на АНБ.
 
Очигледно, поради заштитата при грубо кршење на законите и на вмровски и сдсовски кадри, инспекторката Зашовска добива унапредување за да продолжи да ги штити партиски инсталираните кадри во руинираниот систем. Молкот на министерката Јаневска за скандалите во Просветниот инспекторат потврдува дека инспекторите се под директна контрола на нејзината партија и дека наместо професионален кадар, испекторатот е дувло на партиски послушници. Незаконските унапредувања на несоодветни кадри во образовниот систем само дополнително ја демотивира младата интелегенција да остане во Македонија. Владата на Мицкоски докажа дека деградацијата на образовниот систем продолжува под нивно менторство – и само партиските кадри просперираат во оваа држава, без разлика дали се од ДПМНЕ или СДС, порачува Левица.