Левица тврди: Собранието прави „чистка“ на законите бидејќи очекува избори
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, смета дека се подготвуваат предвремени избори веднаш по уставните измени и дека потврда за тоа е што во Собранието забрзано се ставаат на дневен ред заостанати седници.
„Тоа што беа ставени 11 продолженија на Седници на дневен ред е јасен индикатор дека ќе има предвремени парламентарни избори. Ова е всушност еден вид на чистка затоа што, доколку има избори, сите закони кои не се донесени пропаѓаат, без разлика во која фаза се. Затоа што секој нов парламентарен состав си почнува од седница број 1!
Ние имаме сознанија дека на собраниските служби им е дадена инструкција сите заостанати закони да ги исчистат” – реагираа со соопштение денес од Левица.