Левица се обиде, но не успеа да направи инцидент на Могилата во Прилеп


Претседателот Стево Пендаровски ја заобиколува групата на Левица за да положи цвеќе

Дури и најсветите празници за некого не се доволно свети. Како за членовите на Левица, кои денеска изутрина се обидоа да направат инцидент, окупирајќи го централниот дел од платото на Могилата на непобедените во Прилеп пред државните делегации да положат цвеќе по повод 80-те години од Денот на востанието, 11 Октомври, а претседателот Стево Пендаровски да одржи говор. 

Очигледно намерата на активистите на Левица беше да се предизвика инцидент во кој полицијата ќе ги отстрани насила, но делегациите (прв Пендаровски, а потоа владината на чело со премиерот Зоран Заев) само ги заобиколија и го положија цвеќето. 

Забележливо беше и дека спомениците во Могилата беа испрскани со црна боја.

Денеска се навршуваат 80 години кога македонскиот народ за стана на вистинската страна на историјата во борбата против фашизмот и нацизмот.

„Окупација“ со 11 души – Левица во централниот дел на Могилата во Прилеп