Левица реагира: Работниците на принуден одмор, директорот на Македонски железници се луксузира


Македонски Железници -Транспорт деновиве донесоа одлука вработените да се упатат на “доброволен” привремен принуден одмор, поради тешката финансиска состојба во која е доведено претпријатието и мерките за штедење.Иако во законот не постои термин “доброволно”, кога работниците без своја волја се упатуваат на принуден одмор и земаат помала плата, директорот од Алтернатива сепак донел незаконска одлука – на штета на работниците и јавниот интерес!- реагира партијата Левица со соопштение.

-До Левица пристигна реакција од вработените во МЖ ТРАНСПОРТ дека директорот Мајан Вејсели додека “штеди” на грбот на работниците, истовремено се луксузира за своите пулени вработени во ова претпријатие. Директорот Вејсели си ги згрижил своите партиски луѓе во МЖ Транспорт со разни договори на дело, а кои воопшто и не одат на работа. Штетата која ја направил Вејсели на претпријатието е повеќе од еден милион денари месечно за овие вработување.Работниците се жалат дека откако на функција стапил Вејсели, повеќе не се исплатуваат надоместоци за починат член на семејството, прекувремени саати и други надоместоци, стои во реакцијата на партијата.