Левица предлага ограничување на киријата во Скопје до 250 евра


Политичката партија Левица денеска до Собранието достави предлог-закон со кој бараат да се ограничи висината на киријата на станбените објекти.

Од партијата сметаат дека сегашните кирии се превисоки и тоа ги спречува студентите во Скопје да живеат во станови, а нема доволно студентски домови.

Според Левица и нивниот предлог-закон, киријата за стан до 100 метри квадратни во Скопје треба да се ограничи на 250 евра.