Левица прашува: Зошто се молчи за продажбата на археолошко наоѓалиште за хотел?
По обелоденувањето на одлуката на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков за продажба на месноста Мауцкер по цена од 70 денари за метар квадратен, реагираше и стручната фела. Неколку граѓански здруженија, археолози, туристички водичи, ја поддржаа иницијативата на советникот на Левица, Виолета Аврамоска, за повлекување на спорната точка од дневен ред на 15 Седница на Советот на Општина Охрид. Тие реагираат дека Мауцкер претставува археолошки локалитет, каде се наоѓал античкиот град Хермелеја, што е утврдено со истражувањето на Завод и музеј Охрид, во 1974 година. Според тоа, Мауцкер, како археолошки локалитет, ниту смее да се распродава, ниту пак таму може да се гради.
-Сите реагираат, само оние кои се најкомпетентни да се произнесат, Заводот и музејот на Охрид, молчат. Зошто молчат од Заводот и музеот на Охрид и зошто одобруваат продажба на археолошки локалитет за интересите на урбаната мафија и профитерите од власта?
Ги повикуваме Завод и музеј Охрид, јавно да се произнесе во врска со оваа скандалозна одлука на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, реагираат од Левица.