Левица: Патни трошоци за пратениците колку за автобуски билет


Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците, во делот на патните трошоци.

Со законот се предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар), што практично значи дека патните трошоци се сведуваат реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз.

Овој предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан која, во изминативе неколку месеци, ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија, за еден мандатен период на Собранието, е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците.